СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА

Се известуваат членовите и симпатизерите на Партијата за Европска Иднина, дека од страна на Претседателот и раководните тела на партијата е донесена одлука да во вториот круг на локалните избори 2017 година се даде јавна подршка на сите кандидати од коалиционите партнери во Владата на РМ, СДСМ и ДУИ.


За таа цел ПАРТИЈАТА ЗА ЕВРОПСКА ИДНИНА ги повикува сите свои членови и симпатизери, како и сите граѓани на Република Македонија, масовно да излезат на вториот круг на гласање на локалните избори кои што ќе се одржат на 29.10.2017 (недела) и ги подржат демократски ориентираните политички сили во Македонија , кои носат просперитет и подобар живот за сите.


Со почит
ПАРТИЈА ЗА ЕВРОПСКА ИДНИНА