Портпарол

 

 

 

 

 

БИОГРАФИЈА

Име и презиме: Сеадин Џафери

Роден: роден на 01.02.1977 год. во Скопје

Адреса и телефон : Виетнамска 11 , Скопје 078 20 34 36

e-mail : Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Семеен статус: Оженет и татко на едно дете

Образование:
Основно и средно образование завршува во Скопје со одличен успех. Високото образование го продолжува во Тунис на Универзитетот “ ЕЗ-ЗЕЈТУНА '' каде што покажаниот успех за време на студиите му овозможува да запише посдипломски студии и истите успешно ги заврши . Магистрира со највисока оценка во 2003г. под менторство на проф.доктор Неџмудин Хинтати на тема : “ Застапеноста на исламската култура и цивилизација во Македонија во периодот после Втората светска војна ''   .

Паралелно со посдипломските студии , посетува настава за педагошко оспособување за вршење на наставна дејност во сите нивоa во образованието (основно, средно, високо) и после успешно положените испити од таа област се стекнува со сертификат за педагошки оспособено лице за вршење на настава во образовните институции.

Образованието и познавањето на Арапскиот јазик , му овозможуваат да биде поставен за постојан овластен судски преведувач од Арапски на Македонски јазик и обратно , при Основен Суд Скопје II .

Странски јазици:
Познавање на Англиски, Албански и Ромски јазик;
одлично познавање на Македонски ,Арапски и Босански

Компјутери:
Одлично познавање на компјутерски алатки, Интернет, Microsoft Office.

Работно искуство:
Високото образование, познавањето на јазикот, културата и цивилизацијата на арапскиот свет, како и искуството во областа на туризмот и долгогодишниот престој на медитеранот овозможија да работи на одговорна функција во Tamaris voyage, агенција од Тунис , која како нејзин претставник го ангажира во организација на околу 30 чартер летови од Македонија и соседните балкански држави, во период
од 2003 – 2005 година. Кон крајот на 2005 година, како нивен претставник го ангажира туристичката агенција Konkord Fly од Скопје, во која што се истакнува на позицијата менаџер на секторот за туризам.

Партиска активност:

Првите партиски активности ги започнува во редовите на ПЕИ , првенствено како член на Општинската организација - Скопје. Во моментот  е дел од  високите партиски тела  а воедно и гласноговорник на партијата.