Претседател

        

 

 

 

БИОГРАФИЈА

Име и презиме: Фијат Цаноски

Роден: роден на 02.10.1960 год. во с. Октиси, Струга

Адреса и телефон: ул.Вељко Влаховиќ бр. 10 Струга;

Семеен статус: оженет . татко на три деца

Националност: Торбеш

Образование:
Основно образование завршил во Струга, а средно образование во Загреб, Република Хрватска.   По завршување на високото образование во Загреб-Економски факултет, се запишал на последипломски студии на ,,Сесловенскиот универзитет,, во Нови Сад под менторство на д-р Милан Миљевиќ, редовен професор на Факултетот за политички науки на Универзитетот во Белград. Магистрира на тема: ,,Процес на истражување на политичкиот пазар со утврдување на изборната политичка програма во форма на инструментите на маркетинг микс,,.

Странски јазици:
солидно познавање на Англиски јазик ,
одлично познавање на Албанскиот, Хрватскиот и Германскиот јазик

Компјутери:
Одлично познавање на компјутерски алатки
Интернет, Microsoft Office ( Word, Excel, PowerPoint, CorelDraw )

Работно искуство:
М-р Фијат Цаноски е докажан во полето на приватниот бизнис како човек кој менаџира приватни фирми во Р. Македонија и во странство уште од 1990 година, кои успешно се занимаваат со трговија, угостителство, градежништво, но и со фирми кои обучуваат кадри од областа на администрацијата и од други области кои како логистика на Нато базите работат во државите од Европската унија.
Кариерата на докажан, истакнат и ценет приватен бизнисмен, ја насочува кон создавање можност за развој на приватното средно и високо образование во Република Македонија. Во таа насока, м-р Фијат Цаноски е еден од основачите на првиот приватен факултет - Факултетот за општествени науки (ФОН) со насоки Европско право и право на ЕУ, Дипломатија и меѓународна политика и Банкарски менаџмент. Создавањето на ФОН ги помести дотогашните стандарди на високото образование во државата и ги постави темелите на приватното високо образование. Успехот во работењето на ФОН, но и обезбедувањето на високо стручен наставен кадар и создавањето на квалитетни просторни и технички услови за работа, набргу ќе придонесе за проширување на постојните студии со нови факултети и нови насоки во рамките на факултетите.
Во 2006 година м-р Фијат Цаноски го создава Приватното средно училиште ,,Петта приватна гимназија,, во кое средношколците се образуваат во современи, европски услови. ,,Петта приватна гимназија,, е елитно приватно средно училиште со високо ниво на стручен наставен и административен кадар и со беспрекорни просторни услови за работа.

Партиска активност:
Потикнат од истражувањето на современиот модел на политичкиот пазар, политичките избори и управувањето по завршување на изборите, како и од желбата за остварување на својата визија за развој и унапредување на политичките, економските, социјалните и образовните услови во Република Македонија како составен дел од големото европско семејство, м- р Фијат Цаноски во 2006 година ја формира ПАРТИЈАТА ЗА ЕВРОПСКА ИДНИНА која под негово водство учествува на парламентарните избори во 2006 година. Со освоените гласови на Партијата за европска иднина на парламентарните избори, м-р Фијат Цаноски денес е дел од парламентарниот состав во Собранието на Република Македонија.