ПАРТИЈА ЗА ЕВРОПСКА ИДНИНА ПЕИ - СТАТУТ

Врз основа на член 20  од Уставот на Република Македонија и член 16 од Законот за политички партии,како и врз основа на Одлуката за формирање на политичка партија,Партијата за Европска Iднина,на својот трет редовен конгрес
одржан на ден 27.12. 2008 година,го донесе следниот



С Т А  Т У Т
НА ПАРТИЈАТА ЗА ЕВРОПСКА ИДНИНА I.ОСНОВНИ ОДРЕДБИ
Член 1

Партијата за Европска иднина е политичка партија,во која граѓаните се здружуваат слободно заради:

-    Ширење на политичките и економските слободи и права на граѓаните,
-    Ширење и заштита на политичките,економските,социјалните,и други права интереси и уверувања на своите членови,
-    Учество во постапката за избор на советници во Општините,избор на пратеници во Собранието на Република Македонија,и учество во постапката за избор на председател на државата,и
-    Освојување на власта.

Член 2

Името на Партијата е: ПАРТИЈА ЗА ЕВРОПСКА ИДНИНА
Скратеното име на партијата е: ПЕИ
Седиштето на партијата е во Скопје на ул.”Даме Груев”,3/2-4, 1000 Скопје.
Партијата има свој печат во кружна форма,во кој полукружно во горниот дел го пишува името на партијата,во средината е заштитниот знак на Пaртијата за Европска иднина,а полукружно долу пишува: Скопје.

Член 3

Партијата има свој заштитен знак,партиско знаме,свечена песна како и партиска легитимација.
Заштитниот знак на Партијата за Европска иднина стилизирана карта на Европа во кружна форма.
Партиското знаме е во правоаголна форма,со две бои - сина и зелена во
светли  нијанси,одделени  со  14  жолти  звезди  распределени  дијагонално,  а во долниот дел на знамето е напишано името на Партијата за Европска иднина .
Свечената песна на партијата е обработена верзија на песната - Џева
Партиската легитимација го содржи заштитниот знак на партијата како и потребните податоци за членот што ја поседува и служи како документ  со кој се докажува припадноста на партијата.

ПРЕВЗЕМИ ГО САТУТОТ НА ПАРТИЈАТА ВО PDF